Еврокомесарот Хан: Сите инволвирани да го почитуваат Преспанскиот договор

 

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна Македонија, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

„Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително и новата влада на Северна Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат за европската перспектива на секоја земја“, рече Јоханес Хан.

Повика сите инволвирани страни да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

„Што се однесува до случајот со Северна Македонија, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително особено новата влада на Северна Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, да им се помогне со доследни напори, ќе го поддржи целиот регион. Затоа што навистина верувам дека ако направиме одржлив исчекор, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија”, нагласува Хан, пренесуваат грчки медиуми.

Јоханес Хан, во Комисијата на Јункер (2014-2019) беше комесар за проширување и соседство.

12.06.2024 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега