Александар Велики затворен за сообраќај

Маглата вечерва го попречува нормалното одвивање на авиосообраќајот  на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а намалена е и видливоста на патиштата во скопскиот, кумановскиот, велешкиот и тетовскиот  регион.

Поради густата магла  не се реализирани полетувања и слетувањата на  аеродромот „Александар Велики“ за Хамбург, Мулхаус и Истанбул. 

Според ЈП Македонија пат, пак, вечерва појава на магла има на патните правци Скопје - Велес каде видливоста е 50-100м, Скопје- Куманово со видливост 80-100м. и Скопје-Тетово од 80-100м видливост. 

Сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци во Републиката  се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

20.12.2013 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега