Спасовски за ВМРО-ДПМНЕ: Се она што критикуваа изминатиот период, сега го прават
Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.
„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство - со 58 ги имате истите работи: не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши, претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе не’ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.
11.06.2024 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа