Спасеновски: Европските релации и домашниот легитимитет – основа за добар старт на новата влада

 

Во гостување во централниот дневник на Сител, универзитетскиот професор Александар Спасеновски разговараше за значајните влијанија на изборите за Европскиот парламент врз политичкиот пејсаж во Република Македонија.

Истакнувајќи го успехот на Европската народна партија, Спасеновски ги подвлече добрите врски помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и различните политички групи од десниот центар и независните пратеници, истакнувајќи дека мoже да се очекува овие сојузи позитивно да влијаат врз евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ на последните избори доби огромен легитимитет, а реорганизацијата на министерствата е дел од таквата граѓанска поддршка бидејќи истата беше дел од предизборната програма на оваа партија“ – истакна Спасеновски.

Според него, ова е резултат на широката јавна поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ, сугерирајќи стабилен мандат за спроведување на неопходните реформи.

Спасеновски посочи и дека сегашната владејачка коалиција има чисто мнозинство со поддршка од близу две третини од пратениците заради што не е логично да се мисли дека во истата би можело да се вклучи и ДУИ, партијата која претходно раководеше со институциите и заради која, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на изборите.

10.06.2024 - 22:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега