Се реконструира главната водоводна линија во Штип
Почна реконструкцијата на главната водоводна мрежа за ниска зона во должина од околу еден километар.
Гардоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска за МИА изјави дека оваа реконструкција е дел од доизградбата на булеварот „Партизанска“ од зградата на АМД до населбата Баби во должина од еден километар. Потенцира дека оваа главна водоводна линија е стара над 50 години.
-Овде се работи подземно согласно проектот. Ќе се врши промена на застарената азбестна главна ниска зона, водоводна линија. Досега оваа линија правеше најголеми проблеми, оваа ниска зона е стара повеќе од 50 години. Се предвидува комплетна реконструкција на подземната инфраструктура, рече Јорданов.
Тој додаде дека граѓаните деновиве и на булеварот „Гоце Делчев“ можат ад забележат интензивна изградба и на водоводна линија два, која ќе обезбеди подобро водоснабдување во високите зони на градот, кои во текот на летотот немаат доволен притисок на водата или пак имаат суви чешми.
-Паралелно се работи и на булеварот „Гоце Делчев“. Овде се инсталира нова водоводна линија два, исто така водоводна линија којашто ќе овозможи повисок притисок и нормално водоснабдување на жителите од Три Чешми, Пребег, Железничка и Плуждино, истакна Јорданов.
Тој упати извинување до граѓаните доколку имаат проблеми со водоснабдувањето и останат без вода за пиење, но дециден е дека проблемите мора темелно да се решаваат. Додава дека се работи со засилена динамика со цел побрзо да завршат активностите на терен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа