Охрид на нозе: Голема полициска потрага по заљубената Маја од Лешани
Во Охрид во моментов се одвива голема полициска акција за пронаоѓање на тинејџерката Маја која со месеци ја нема да се врати во својот дом. Според податоците на Утрински
, во акцијата е вклучен поголем тим полициски работници од Охрид, Кичево и Струга, а ова е втора акција за потрага на Маја Блажевска од Лешани која исчезна пред два месеци.
За потсетување, 14-годишната Маја по втор пат избега од својот дом откако најверојатно на Фејсбук запознала момче од албанска националност во кого се заљубила и започнале врска.
Родителите, заедно со своите соселани го бараат девојчето во селата Велмеј, Сошани, Оздолени и Издеглавје, во општина Дебрца, каде наводно за последен пат бил лоциран нејзиниот мобилен телефон, пренесе Утрински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа