Струмичанец префрлил средства од општината на здружение основано од неговиот син
Во Струмица, татко префрлал средства од општината, на здружението кое го формирал неговиот син. Курир денеска пренесува нов сомнителен трансфер на средства од Општина Струмица кон Здружението „Новус“ како поддршка за невладиниот сектор.
Станува збор за Здружението Новус, кое е основано јануари 2013 година, непосредно пред да биде објавен конкурсот за доделување на грантови на здруженија кој го води Секторот за Локален економски развој. Како еден од основачите се јавува Ѓорѓи Милушев, син на Тони Милушев, кој пак е актуелен раководител на Секторот за Локален економски развој при Општина Струмица.
Според она што е објавено на страната здружението Новус е еден од добитниците на грант во вредност од 120.000 денари за реализација на проект „Препознавање и борба против говорот на омраза“.
Како што пренесува Курир, во неколку наврати во јавноста до сега се говореше за класичен непотизам, кога парите на граѓаните од Општина Струмица завршувале на сметки од фирмите или здруженијата блиски до функционерите од локалната самоуправа во Струмица раководена од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа