Петров до ВМРО-ДПМНЕ: Честитам за акцијата на откривање висока корупција кај врховен судија - aпсете се што е криминално
Идната Влада има целосна поддршка од СДСМ енергично да се борат против корупцијата и да апсат се што е криминално, ама по закон, истакна Андреј Петров во емисијата „24 Отворено“ на 24 ТВ.
Петров и честита на ВМРО-ДПМНЕ за справување со корупцијата на високот ниво односно за случајот со врховниот судија.Им честитам за акцијата што ја направија за корупцијата на високо ниво, тоа е нешто што така треба да биде и да личи. Значи ако некој се реши да биде врховен судија не може да зема мито, рече тој. Имаат и поддршка за сите работи кои што не беа како што треба да ги поправат, додаде Петров
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа