Меџити: Кој губи, има право да се лути, Албанците му кажаа “доста“ на Ахмети

 

Има една поговорка, „кој губи има право да се лути“. Но, добро е да ги пронајдат факторите за поразот, добро е да се реформираат, затоа што си нанесуваат штета на себе и на никој друг, изјави вечерва претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборувајќи за Европскиот фронт и ДУИ.

Според Меџити, апсолутен победник во албанскиот табор е коалицијата Вреди, бидејќи таа освоила 107 илјади гласа, додавајќи дека во Македонија поради миграција нема повеќе од 200 илјади албански гласа.

Тој смета дека Албанците во земјава му рекле доста на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Албанците му кажаа доста на Али Ахмети. И поради староста и поради годините на власт, нема што повеќе да понуди. Време е да оди во опозиција, да ја реформира партијата која во последно време е опколена со клиентелисти и ќе види дека тие први ќе заминат, рече Меџити.

20.05.2024 - 23:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега