Европскиот фронт не сака да оди во опозиција - не е исклучена можноста за протести
И додека продолжуваат преговорите за прераспределба на делови од колачот од министерствата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, од Европскиот фронт предупредуваат дека не ни размислуваат да одат во опозиција. Поточно, согласно изјавите на Скендер Реџепи, коалицијата Европскиот фронт не ја исклучува можноста за одржување на протести.
„Европскиот фронт ниту размислува да остане во опозиција. Не дека имаме комплекси за да останеме во опозиција но факт е дека легитимноста почнува и извира од народот. Доколку народот ти го дава гласот тогаш треба да ги претставиш во сите државни институции“, вели Скендер Реџепи.
-Велите дека не размислувате да одите во опозиција, но ВРЕДИ преговара со ДПМНЕ за формирање на нова Влада?!
„Тоа е мала работа. Демократијата има други механизми со кои се докажува легитимноста добиена од граѓаните. Не потпаѓаме како ВРЕДИ која ги казнува граѓаните а очекува да и служи ВМРО“, изјави Реџепи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа