Петрова: Владата во заминување не „зауздува“ со трошењето
Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави... До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите?, прашува дополнителната заменичка министерка за финансии Елена Петрова.
„Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:
-само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.
- поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020.
Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е:
- во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023)
-поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 год.
Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот“, истакна Петрова.
20.05.2024 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа