Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто
Вкупниот промет во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани е намален за 10 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 12.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 105.9, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 90.9.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2024, во однос на март 2023 година, е намален за 3.4 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 19.2 %.
Во март годинава во споредба со февруар, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи раст од 9.6 %, додека во периодот јануари – март 2024, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има намалување од 0.4 %.
На странските пазари, пак, во март година во однос на март лани се евидентиран пад на прометот во индустријата за 11.5 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 %, Капитални производи за 13.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.
Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е зголемен за 5.1 %, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има пад од 11.6%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа