Бејби бум во ВМРО-ДПМНЕ - уште еден пратеник доби трето дете

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов стана татко по третпат. Неговата сопруга Станка во болницата во Струмица донесе на свет здраво машко дете. Бебето е големо 51 сантиметар, а тешко е 3.800 грама.
Родителите се пресреќни и постојано добиваат честитки. Наскоро кумовите треба да одлучат за името на бебето. Претходно Ромео и Станка се родители на Филип (4) и Константин (2), а сега добија трет син.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оваа година принова доби пратеникот Драган Цуклев од Гевгелија, а минатата година родители станаа пратениците Павле Саздов, Мики Додевски, Стевче Трпковски, Цена Матевска, Александар Спасеновски и Влатко Ѓорчев.

најчитано сега