ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

 

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров“, се наведува во соопштението.

Пре една недела Владата заклучи 24 април и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

23.04.2024 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега