Се богатела од парите на пациентите - кривична пријава за лакома струмичанка

 

48 годишната струмичанка М.Г. си заработи кривична пријава, откако полицијата утврдила дека нелегално се богатела додека работела на шалтер во економско-финансовата служба на струмичката Општа болница.

Според МВР, струмичанката задржувала дел од парите за испис или упис на пациенти, збогатувајќи се за 167.750 денари. Од тој износ, по основ на задршка на плата вратила 109.950 денари, а останатиот износ се уште не бил вратен, информираат од полицијата.

 

19.12.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега