Новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливите групи
Црвениот крст на Македонија и ЕВН Македонија и оваа година организираат новогодишна хуманитарна акција „Да споделиме радост“.
По тој повод во Македонската опера и балет ќе се одржи новогодишна претстава на која ќе им бидат доделени пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства, на децата со пречки во развојот и инвалидитет, како и на штитениците од домовите и од згрижувачките центри за деца од улица.
Пакетчињата ќе ги поделат претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст и генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити.
19.12.2013 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа