Поради штрајк на грчката царина од утре се затвораат граничните премини со Македонија
Поради штрајк на грчката царина се затвораат граничните премини со Македонија.
Од ГП Меџитлија ГП Ники ќе биде привремено затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 02.04.2024 година до 04.04.2024 година во период од 06:00 часот до 06:00 часот.
ГП и ГН Стар Дојран ќе биде затворен од 02.04.2024 година од 07:00 часот до 04.04.2024 година до 01:00 часот. На овој граничен премин влез/излез во Грција ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила.
ГП и ГН Богородица исто така ќе биде затворен во наведениот временски период, за влез/излез на товарни возила сообраќајот целосно ќе биде затворен а за патничките возила ќе има привремено пуштање во одредено време за кое дополнително ќе бидат извесетни македонските власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа