22 тони сол фрлени на критичните скопски улици
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници и фрлија околу 22 тони индустриска сол.
Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта" на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.
Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Дополнително, интервинирано е на булеварите „Партизански одреди", „Митрополит Теодосиј Гологанов", „Свети Климент Охридски" и на другите булевари каде што е забележан замрзнат коловоз.
Од Град Скопје потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.
Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Градот Скопје претстојнава зима, снежните наноси од градските улици ќе ги расчистува со вкупно 24 возила, кои се стационирани во пунктовите на ЈП „Улици и патишта“ во Железара и во Кисела Вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа