Македонскиот амбасадор Авировиќ се збогуваше со Бан Ки-мун
Македонскиот амбасадор во Обединетите нации Пајо Авировиќ вчера ја имаше својата проштална средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Мандатот на Авировиќ истекнува на крајот на годинава, а во неговата фотелја во ОН ќе седне Васил Андоновски. Меѓу најзначајните настани за Македонија во Обединетите нации во изминатите две и пол години, во мандатот на амбасадорот Авировиќ, беше посетата на генералниот секретар на Обединетите нации на Македонија во јули 2012 година.
Во ноември годинава Македонија за првпат стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, водечка организација во рамките на ОН за заштита на човековите права низ светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа