Три месечно бебе се бори за живот - 21 лице во болница по денешниот пожар во Тетово
Едно три месечно бебе е префрлено во Клиничкиот Центар во Скопје и се наоѓа во потешка здравствена состојба. Според информациите од Кризниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој се одржа веднаш по завршувањето на акцијата за евакуација во станбената зграда во Тетово во која избувна пожар, од вкупно 21 лице кои побарале помош во Медицинскиот центар во Тетово, шест, меѓу кои и едно три годишно дете се задржани на лекување, но се надвор од животна опасност, информираат од ЦУК
Сите станари се згрижени кај свои роднини и пријатели, освен едно лице кое е во касарната во Тетово. Од страна на локалната власт во Тетово, на станарите од зградата им е доставена храна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа