СДСМ: Апсурдни се мерките на Владата за заштита од загадениот воздух

 

Најголемата опозициона партија СДСМ смета дека мерките на владата за справување со загадувањето на воздухот се апсурдни и оцени дека истите претставуваат најдобра потврда дека кај оваа власт не постои волја за решавање на овој сериозен проблем за граѓаните. 

- Имајќи предвид дека најзагадени се Скопје, Тетово, Кичево и Битола, каде што најголемото загадување се прави после полноќ јасно е дека причина за загаденоста се и индустриските капацитети кои се најактивни навечер, бидејќи тогаш цената на струјата која ја користат е најевтина, изјави Благоја Стојановски, пратеник од СДСМ.

Според него, најмалку што треба Владата веднаш да направи е да воспостави нов режим на функционирање на индустриските капацитети додека загадувањето не се намали под дозволеното ниво.

- Доколку е потребно, Владата треба да издвои средства за финансиска поткрепа на ваквата ад-хок мерка. Истовремено со откажување од изградбата на панорамското тркало, фонтаната, барокните фасади, сите овие средства веднаш да бидат пренасочени за помош за покривање на дел од трошоците на индустриските капацитети за инсталирање на филтри, рече Стојановски, посочувајќи оти на Република Македонија  и е потребен долгогодишен акциски план за справување со загадувањето.

18.12.2013 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега