Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите

 

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана, во гостување на тв 21 вели дека нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите за Армијата вредна 230 милиони евра, која стана предмет на Државната комисија за спречување на корупција.

Имено, ДКСК ја стави „под лупа“ оваа набавка, а Петровска кажа дека тука нема ништо спорно.

„Нема ништо спорно околу оваа набавка. ДКСК има право да истражува доколку има сомнежи и да отвори предмет. Постапката е спроведена согласно закон. Јас ги поздравувам напорите на Антикорупциската комисија, и јас како министерка и целото министерство ќе соработуваме целосно и ќе ги доставиме сите документи кои ќе помогнат во истрагата. Набавката е во согласност со законот за набавка во одбраната на безбедноста. Сите документи се донесени, оваа набавка е предвидена во планот за набавки во министерството за одбрана“, рече Петровска.

На прашањето дали тајмингот на набавката е проблем, со оглед дека е пред избори, таа вели:

„Оваа набавка е предвидена од претходно да се случи во 2024 година. Сега одиме на најважниот момент зошто купуваме хеликоптери? Затоа што е дел од процесот на модернизација“.

19.03.2024 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега