Петмина приведени по вчерашниот меч Вардар - Металург
По инцидентот на вчерашниот ракометен натпревар помеѓу РК ”Вардар” и РК “Металург” iдентификувани и приведени петмина “навивачи”, информира МВР.
Според полицијата танува збор за 5 полнолетни лица, од кои четворица се приведени за време на натпреварот а 1 лице пред неговиот почеток.
МВР информира дека околу 17:15 часот пред базенот пред спортскиот центар Борис Трајковски едно лице откако претходно конзумирало алкохол почнало да ги навредува полициските службеници. 2гоишниот С.Ѓ. им с еобратил на полицајците со погрдни и вулгарни зборови.
За време на одигрувањето на меѓународниот спортски натпревар, од страна на навивачката група „Комити“ нарушен е јавниот ред и мир, лицатата откако претходно се довеле под дејство на алкохол, почнале за палат и фрлаат во натпреварувачкиот простор повеќе пиротехнички средства, петарди, метални предмети со што направиле согласно Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари при што идентификувани и приведени се И.П.(22), А.М.(25), Ј.М.(33) и А.М.(31). На сите пет приведени лица издадени им се платни налози за сторен прекршок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа