Ескобар од Пеќ: Србите во Косово страдаат - да се признае динарот

 

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Пеќ изјави дека ќе се обиде со косовската влада да најде итно решение за српската заедница на Косово, која страда поради укинувањето на употребата на динарот.

„Овде постои заедница која навистина страда. Има луѓе кои се соочуваат со реални проблеми поради немањето можност да земаат пензии. Затоа, навистина сакам да работам со владата на Косово со надеж дека ќе се обидам да најдам итно решение“, изјави Ескобар за Радио Гораждевац по состанокот со претставниците на локалната српска заедница.

Ескобар пренесе порака и за српската заедница со која се сретна и на властите во Косово.

„Што се однесува до заедницата што живее овде, сакам да чувствуваат и знаат дека американската влада сака Србите да живеат на Косово во услови на безбедност, сигурност и достоинство. И ние ќе продолжиме да работиме на тоа. А што се однесува до Владата на Косово, тие имаат одговорност да го постигнат тоа и за тоа ќе бараме одговорност“, рече Ескобар.

Според него, тој сакал да дојде да ги слушне од прва рака „приказните на луѓето за тоа како тие се погодени од одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК)“.

„Тешко е да се слушнат овие приказни и да се остане рамнодушен“, изјави Ескобар, кој во Пеќ разговараше со претставници на граѓанското општество и медиумите од Гораждевац за влијанието на ЦБК врз локалното население. За време на посетата на Пеќ, Ескобар разговараше со младите од албанската, српската и босанската заедница, како и со градоначалникот Гезменд Мухаџери.

Ескобар накратко се осврна на француско-германскиот предлог во контекст на актуелните проблеми.

„Во меѓувреме, долгорочно, сè уште треба да работиме напорно за да го спроведеме историскиот договор за нормализација што го постигнавме минатиот март. Така ќе продолжиме да работиме“, рече Ескобар.

Американскиот пратеник рече дека сите граѓани кои живеат на Косово имаат поддршка од Соединетите Американски Држави.

„Мислам дека сите луѓе на Косово можат да сметаат на американската поддршка за Албанците, Србите, Бошњаците, секој што живее во оваа земја. Се надевам дека ќе ја почувствуваат американската поддршка и американското партнерство“, рече Ескобар.

14.03.2024 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега