ДИК: Внимаваме да не не хакнат на изборите

 

 

Државната изборна комисија (ДИК) во контиунитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, информираат за МИА од ДИК. 

-Во однос на вашето прашање за заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади, ве информираме дека Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана кооординација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади, посочуваат од Државната изборна комисија.

Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции и во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај)

13.03.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега