Владата ја овласти Петровска да купи хеликоптери од Италија

 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска е овластена во име на Владата на Македонија да го потпише аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Македонија со Министерството за одбрана на Италија, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

„Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, соопшти Владата.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на АРМ за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

13.03.2024 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега