Предизборно се подновуваат: Владата купува 45 нови коли - ќе ги платиме над 1,6 милиони евра

 

Владата предизборно преку Службата за општи и заеднички работи ќе набавува возила под лизинг. Од она што може да се забележи од повикот возилата се бара да бидат целосно нови со моторна зафатнина од 2000 цм кубни. Бројката која се планира да се набави се 45 дизел возила со понуди кои треба да бидат доставени најкасно до 27 март. Основниот трошок за целокупната набавка ќе изнесува околу 1.6 милиони евра.

Откако ќе истече тригодишниот договор со операторот кој ќе победи со оваа понуда тој ќе може да си ги задржи овие возила за себе но во текот на договорот тој ќе мора ги обезбеди следниве услуги: сервис, осигурување регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило.


 

Владата и претходно набавуваше возила на овој начин. Бројката што беше набавена беше идентична како оваа- 45 возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ со месечен лизинг од 1000 евра, додека цената на едно возило изнесуваше околу 40 илјади евра. И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период по возило, а откако ќе се надминат овие километри Владата е должна да плаќа дополнително за секој поминат километар за секое возило.

Оправдувањата тогаш за ваквиот договор беа дека операторот постојано ќе обезбедуваа грижа и сервис и функционерите немало да останат без возило доколку кај некое настане дефект.

12.03.2024 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега