Еве предлози што да им подарите на најблиските за Нова Година

 

Секоја година истата „мака“. Што да купите за подарок на своите најмили и притоа да не останете без „скршен денар“? Можеби оваа година би можеле да направите некој исклучок и освен капа, ракавици, шалови, паричник и сетови со производи за туширање, би можеле да подарите нешто друго.

1. Дигитална фото рамка

Со овој подарок би можеле да дадете една многу лична нота. Ако го подарувате посебно на блиско лице ставете некои дигитални фотографии на кои се заедно или во вас будат некои заеднички спомени.

2. Шеа путер

Овој производ би требало да го има секоја жена. Но и мажот не е исклучок. Можеби не е пријатно на некој маж под елката да му ставите  шеа путер, но на жените секако е. Примената на овој производ е навистина многу широк, а на кожата делува толку благотворно што се препорачува и на жените после породувањето за ублажување на стриите или некои други оштетувања на кожата. Жените ќе ви бидат многу благодарни ако Шеа путерот го најде завиткан во подарок со своето име.

3. Божикни кекси

Понекогаш самата намера и начинот на кој нешто ќе подарите е поважен од самиот подарок. Затоа немојте да се грижите дека морате да потрошите цело богатство на подароци за Божик. Кекси како подарок би можеле да бидат одлична идеа ако сте барем малку  вешти во кујната. Не е тешко да се подготват, можат долго време да стојат, а секако ќе биде еден од подароците со кои нема да погрешите. Можете секој посебно да го завиткате во целофан, да го заврзете со лента и да го наредите во кутија со порака. Бидете креативни и послужете се со калапи за кекси кои скоро секогаш можете да ги најдете во големите трговски центри, дури и оние со божикни мотиви.

4. Нутела

Звучи невообичаено? Веројатно, но зарем не би сакале да бидете еден од оние кои за подарок под елката ќе добиете, на пример, килограм или два Нутела? Со овој подарок ќе се радуваат подеднакво и возрасните и децата. Знаеме дека за ова ќе ви треба малку повеќе пари, но ако тоа не ви е некој проблем ќе му го поклоните најслаткиот подарок. Буквално.

5. Подарок бонови

Подарок бонови може да биде еден од најдобрите решенија кога самите немате идеа што да подарите некому. Ако не сте една од креативните души, секогаш можете да посегнете по овој трик:  Оваа година ти го дарувам овој подарок за си сам/сама да си го купиш тоа што посакуваш. Во месецот кога ретко кој паричник останува полн на крајот на месецот и помалата сума на подарок бонови ќе биде сигурно великодушно прифатен.

6. Пашмина

Секоја жена сака да има ваков некој додаток во својот плакар. Ова е универзален подарок за жена кој барем еднаш ќе и послужи на лицето на кое го дарувате.

7. Изработите фотографии и направете приказна

Лицата кои ги дарувате имаат големо значење во вашиот живот. Еден сосема посебен подарок ќе биде ако изработите некои фотографии и ги составите во приказна. Иако денес можете да посегнете и по некоја фото книга, можете да ја направите и сами. Можете да купите фото албум и  хронолошки наредени фотографии да направат некоја ваша приказна (раѓање на детето, првиот Божик, првиот роденден и сл.).

Ваков подарок ќе ги развеселите старите генерации кои денес грижливо ги чуваат изработените фотографии со оглед на тоа што поголемиот дел од младите ги чуваат во дигитален облик.

8. Масажа во спа центар

Подароците не мораат секогаш да бидат вообичаени, како шал, паричник и слично. На своите драги личности подарете им масажа во некој спа центар во нивната околина. Особено ќе ги развесели ваквиот подарок ако лицата на кој е наменет немаат можност сами да се почестат со нешто слично.

9. Прибор за вино

Ваков вид на подарок подеднокво ќе го ценат и мажите и жените. Спакувани во убави, украсни дрвени кутии, а содржат отворач за шише, термометар за мерење на температурната на виното, заштитен прстен против течење низ грлото на шишето... Ова, како и сетот за сирење, секогаш е пожелно да се има во својот дом.

10. Сезонски (годишни) билети

Ако се работи за маж, подарете му сезонски/годишен билет за  најсаканиот фудбалски, кошаркарски или некој друг спортски клуб. Ако е љубител на музика, подарете му влезница за некој концерт кој ќе го воодушеви или пак годишна претплата на најомиленото списание. Истата идеа можете да ја искористите и за жена, само идеата да ја прилагодите за лицето и нејзините интереси. 

18.12.2013 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега