СДСМ: Инфлацијата се намали на 3%, мерките дадоа резултат
Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат, велат од СДСМ.
„Инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.
Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување.
Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари.
Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена.
Ова е потврда дека сите мерки на СДСМ за зауздување на растот на цените го даваат својот резултат, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа