Гром удри во дете: Трагедија во гевгелиско

 

Гром удрил во дете и тоа починало на лице место. Трагедијата се случила попладнето, за време на силно невреме што го зафатилo гевгелискиот регион.

Од МВР потврдија дека тоа се случило во гевгелиското село Негорци.

„Денеска во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, соопштија од МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

07.03.2024 - 20:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега