Битиќи: Одвоивме над 100 милиони евра државна помош за домашните компании

 


Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил објави податоци за државната помош кон компаниите во изминатите години.


„Инвестираме во нашата иднина: Домашните компании го добија заслуженото место! Денеска со гордост стоиме зад нашето ветување дека ќе им дадеме приоритет на домашните компании, инвестирајќи околу 100 милиони евра во нивниот потенцијал, секогаш создавајќи еднакви услови за сите. Резултатите зборуваат сами – просперитетна економија поттикната од иновативноста и издржливоста на македонските претприемачи.

Завршија деновите кога се даваше приоритет на странските инвеститори а домашните компании беа запоставени. Погледнете ја оваа графика која ги прикажува резултатите од нашата посветеност да поддржиме 919 домашни компании преку ЗФПИ!“ стои во објавата на Битиќи.

07.03.2024 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега