ВМРО-ДПМНЕ: Толку е мизерно во СДС што мора избришани партии да ги претставуваат како коалиција
Толку е тажно и мизерно во СДС, коалицијата им пропаѓа и им паѓа коалицискиот потенцијал, па спасуваат образ со избришани партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Коалицијата на СДС е се помала.
Во прилог на ова соопштение испраќаме решение за бришење на партијата ПЕИ од судскиот регистар на партии од 06.06.2023 година.
ПЕИ не постои како партија скоро една година, а СДС кои немаат кого да седнат на коалициски состанок се повикуваат на непостоечка партија.
Еве ако СДС се чувствува посигурно нека соберат 100 свои активисти и нека ги претстават како претседатели на различни партии, но и тоа нема да го смени фактот дека ќе извубат катастрофално“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа