Пендаровски: Не може да победат бидејќи никој во ВМРО-ДПМНЕ не сака ни да изусти „северна“
Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не го признаваат Преспанскиот Договор и не нудат алтернатива. Затоа, Претседателот Стево Пендаровски смета дека тие не смее да победат на овие избори, бидејќи како што вели, ја проблематизирале интеграцијата на Македонија
„Значи, претпоставувам знаете, ќе се согласиме, дека до ден денешен за сите пратеници, министри, членови на ВМРО-ДПМНЕ додавката „северна“ е наприфатлива. Тие до сега во ниту еден настап немаат кажано Северна Македонија што е уставното име на нашата држава заради која влеговме во НАТО, а примаат плата и во Собрание и во локална самоуправа под тоа име Северна Македонија. Значи ако не признаваш „северна“ го оспоруваше Преспанскиот. - рече Пандаровски објаснувајќи дека тоа го разликува од опозициската партија и нивната кандидатка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа