Скопјанец приведен за криумчарење мигранти

 


Полицијата синоќа на улица „Димко Најдов“ во Велес го приведе А.Е.(34) од Скопје поради криумчарење мигранти.

Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.02.2024 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега