Скопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош, па искуството го сподели јавно
Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас - Мадрид, Мадрид - Софија, Софија - Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист.
- “Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада. Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза“, пишува Илиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа