ДУИ: За пасоши може и да почекаме - Преспанскиот договор мора да го почитуваме
Последиците кои граѓаните ќе ги имаат ако не го почитуваме Договорот со Грција ќе бидат поголеми од тие што ги имаат сега, кога се во притвор во сопствената држава. Вака пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми објасни зошто неговата партија не дава поддршката за закон со кој ќе се продолжи рокот на важењето на пасошите.
„Ние сме за почитување на тие обврски што сме ги преземале. Веќе Џафери имаше изјаснување во овој правец а и Османи и Маричиќ исто така. Така што ние го делиме истиот став.“ – рече денеска Адеми.
23.02.2024 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа