Русија изврши масовен напад со дронови:Родниот град на Зеленски остана без струја

 

Доцна синоќа Руските сили ивршија напад врз родниот град на Зеленски. Во градот, Криви Рих биле погодена трафостаница.

Станбени и индустриски потрошувачи останаа без струја, а повеќе од 100 работници останаа заробени под земја поради прекин на струја во два рудници.

Националната енергетска компанија на Украина, Укренерго изјави: „Русија изврши нов голем напад со беспилотни летала на области во јужна и централна Украина ноќта меѓу 1 и 2 февруари. За жал, една од трафостаниците на Укренерго беше оштетена. Станбените и индустриските потрошувачи во градот Криви Рих останаа без електрична енергија“

Оттаму додаваат дека нивните работници ја проверуваат опремата со вработените во Државната служба за итни случаи. Најавија дека веднаш потоа ќе почне да се работи на итната рехабилитација. Шефот на Воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, објави дека два рудника останале без струја поради ударот на дронот Шахед.

Украинските воздухопловни сили тврдат дека успеале да соборат три беспилотни летала Шахед над областа. Инаку, Русите доцна синоќа лансираа серија нападни беспилотни летала од јужна Украина. Експлозии се слушнаа во градовите Кропивнички и Криви Рих.

02.02.2024 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега