Камерон: Велика Британија е подготвена да ја признае палестинската држава

 

Американските медиуми објавија, дека британскиот премиер Дејвид Камерон може и официјално да ја признае државата Палестина, по прекинот на огнот и пред исходот на повеќегодишните преговори помеѓу Израел и Палестина.

Признавањето не може да дојде на почетокот на процесот, но не мора да биде ниту на самиот крај. Тоа би можело да биде нешто за што би размислувале како дел од процесот додека навистина се движиме кон решение, рече Камерон.

Тој додаде дека на палестинскиот народ треба да му се дозволи да види подобра иднина и „иднина во сопствената држава“.

Но, како што рече тој, првиот чекор мора да биде „пауза во борбите“ што на крајот би довело и до „траен и одржлив прекин на огнот“.

Британското признавање на државата Палестина е условено од тоа дали членовите на палестинската милитантна група Хамас ќе ја напуштат Газа.

Не може да има решение за две држави ако Газа сè уште е под контрола на луѓето одговорни за нападот на 7 октомври, истакна Камерон

02.02.2024 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега