Кисела Вода чисти огромна депонија во местото Бара, досега исчистени 70 депонии
Огромна дива депонија е создадена во местото викано Бара, во општина Кисела Вода.
Ова е резултат на несовесните и неодговорни граѓани.
Градоначалникот Ѓорѓиевски изјави дека ќе се работи цел ден, а по потреба и утре, се до целосна елиминација на депонијата и апелираше до граѓаните за совест и почитување на Законот за јавна чистота.
„Денес чистиме огромна дива депонија на местото викано Бара, која е настаната како резултат на неодговорно однесување и негрижа кон животната средина. Ќе се работи цел ден, а доколку има потреба и во текот на утрешниот, до конечно расчистување. Црни точки на мапата нема да дозволиме и нема да има толеранција кон никого. Почитувани, силно апелирам да бидеме поодговорни и да ја почитуваме животната средина во која живееме, нашиот дом. Загадувањето на средината во која што живееме носи последици по здравјето за сите подеднакво, вклучително и за оние кои загадуваат. Мојата мисија е чиста, модерна и зелена Кисела Вода и нема да дозволиме никој да застане на патот кон таа цел“-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа