Драма во Лондон: Маж се заканувал дека ќе ги убие соседите
Полицијата застрела маж кој се заканувал дека ќе ги повреди станарите.
Како што пренесува „Телеграф“ се работи за маж на возраст од 30 години.
Тој бил вооружен, најверојатно со самострел и се заканил дека ќе им наштети на жителите на адреса во Саутворк, Лондон.
„Мажот влегол во туѓ имот, по што полицајците реагирале и пукале“, велат од полицијата.
Во инцидентот со полесни повреди се здобиле двајцата жители на куќата во Бајвотер Плејс.
30.01.2024 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа