Продолжува судењето за масакрот во „Рибникар“

 

Во Вишиот Суд во Белград денес продолжува судењето за мајката и таткото на Коста К. кој на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Кривична постапка се води и против двајцата работници од стрелиштето каде момчето одело со својот татко.

На денешното рочиште, родителите на убиените пристигнаа со врамени фотографии од нивните деца.

Вчерашното рочиште беше затворено за јавноста.

Вршителот на должноста судија Зоран Божовиќ детално ја образложи својата одлука за исклучување на јавноста од судењето, по предлог на Вишото јавно обвинителство. Појасни дека јавноста е исклучена заради заштита на интересите на малолетниците, бидејќи на кобниот ден загинаа 9 малолетни лица, 6 беа повредени, а на 11 од нив беше загрозена личната безбедност.

Родителите на момчето-убиец вчера се изјаснија за невини.

30.01.2024 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега