ОМД го повика Европскиот Совет да одреди датум за преговорите со Македонија

Обединетата македонска дијаспора го повика Европскиот Совет да одреди датум за преговори за членството на Македонија на Самитот што ќе се одржи во четврток во Брисел.

- ОМД го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го превземе претседателството на Европската Унија следниот месец, десет години откако ја предводи Солунската Агенда чија цел беше да го интегрира Западниот Балкан во Унијата до 2014 година.  Доколку Грција дозволи да се одреди датум за преговори, оваа земја ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот,  порачуваат од ОМД.

ОМД исто така нагласува дека потребна е поголема соработка со соседните земји со цел да се подобрат добрососедските односи. Но, таква соработка се основа на реципроцитет, взаемна почит и разбирање. Поточно, реципроцитет се бара во полето на заштитата и признавањето на националните и јазични малцинства во соседните земји на Македонија. Таквото признавање значително ќе ги подобри добрососедските односи во регионот .

17.12.2013 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега