(Видео) Пит бул нападна дете во Австралија
Шестгодишниот Данте Скордас во петокот си играл со својата двегодишна сестра во Рокхемптон, Квинсленд, кога бил нападнат од пит бул. Итно бил пренесен во болница каде поради тешки повреди добил 30 конци. Неговиот татко Ендрју вели дека тоа било многу тешко искуство за момчето.
„Беше многу трауматично. Многу трауматично, особено за него“, рекол таткото, пренесува „Дејли Мејл“.
Ендрју Скордас, кој бил присутен за време на нападот, вели дека се се случило многу брзо и дека кучето само го нападнало момчето додека си играло со сестра му.
„Се свртев и тоа ме касна. Тато мораше да го повлече кучето од мене“, вели шестгодишното дете.
Момчето завршило со голема отворена рана на левиот образ која била се до увото.
Втората поголема повреда била на десната страна на лицето и се протегала од образот до брадата. Семејството вели дека операцијата траела три часа и дека Данте за малку ќе умрел од загуба на крв за време на нападот. Питбулот престојувал кај соседот. Односно, тие не биле негови сопственици, туку само го чувале. Истрагата за околностите на инцидентот е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа