Автобусите за време на божиќните празници ќе сообраќаат по неделен возен ред
За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а веќе од 9 јануари ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
- На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.
Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.
Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа