Општина Центар: За неколку дена собрани средства за лекување на младиот Лео

 

Во рамките на детската хуманитарна програма организирана од Општина Центар собрани се 901.768,00 денари за лекување на младиот Леонид Индов.

Општинските градинки и училишта пред Нова година организираа низа добротворни базари, проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните имаа можност да донираат за Лео.

Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во „Рамстор“, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој доби тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.

,,Хуманоста сите нѐ сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на ‘златните славејчиња’ помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат“, порачува градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар со благодарност до сите што беа дел од големата хуманитарна акција, а пред сѐ, на децата, наставниците и родителите, кои, како што истакнуваат, покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно.

03.01.2024 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега