Ангелов: Kрстот е безбеден, благодарност до нашите сограѓани Албанци

Претседателот на политичката партија Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека на најавениот протест во Тетово против крстот на Попова Шапка не се појавил безмалку никој.

-Благодарност до нашите сограѓани Албанци кои не дадоа поддршка на рушењето на крстот и со тоа покажаа почит кон нашите верски чувства. Најдобро за државата, најдобро за Македонија, најдобро за Македонците, Албанците и сите останати граѓани би било кога во претстојната политичка битка не би се злоупотребувале верските чувства и меѓуетничките односи, пишува тој.

Го повикува градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами да го поништи провокативното и незаконско решение за отстранување на крстот.

Ангелов и претходно уверуваше дека крстот нема да падне.

Крстот кој се наоѓа во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попов Шапка беше иницијална каписла за загревање на меѓуетничките тензии. Двајца членови на навивачката група „Балисти“ од јарболот го симнаа знамето на Македонската православна црква – охридска архиепископија, и го поставија знамето на Република Албанија. Градоначалникот Касами остро се противи на крстот, а веќе донесе и одлука за негово рушење.

29.12.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега