Сом тежок 95 килограми уловен во Преспанското Езеро

Двајца рибари од преспанското село Стење уловиле сом тежок 95 килограми, а долг 230 сантиметри.

Според зборовите на ихтиологот Живко Џуровски, сомот не е автохтон, но секако постои можност да се населил во Преспа со некое порибување кое се вршело од поодамна во Преспанското Езеро.

- Големината покажува дека условите за живот му одговараат,  изјави Џуровски.

 

16.12.2013 - 16:21
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега