Mуцунски најави новогодишна бајка со богата музичка програма и достоинствена елка кај „Авионче“

 

Голем предновогодишен базар најави општина Аеродром што ќе се одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авионче“.

Програмата на фестивалот ќе почнува во 18 и ќе трае до 23 часот, а посетителите на настанот ќе можат да уживаат во домашна музика, вкусна храна, вино и новогодишна магија.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински пред новинарите рече дека иако настанот првично бил замислен како фестивал на виното, подоцна е одлучено да се организира како новогодишната бајка која, според најавите, ќе содржи и богата музичка програма, рачни творби и други креативни производи.

„Ќе имаме и достоинствена елка“, се пошегува градоначалникот Муцунски пред новинарите, говорејќи за настанот, додека паркот „Авионче“ полека блеснува во новогодишниот дух.

Оваа година, под отвореното небо ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.

Покрај музичкииот репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ ќе имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што ќе бидат достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи.

За најмладите, предвидени се низа забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!

Настанот е финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.

22.12.2023 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега