Германија бара заплена на повеќе од 720 милиони евра замрзнати руски средства

 

Германските власти сакаат да конфискуваат повеќе од 720 милиони евра руски средства замрзнати во Германија како дел од санкциите воведени по почетокот на руската инвазија на Украина.

Главниот обвинител во денешното соопштение посочи дека покренал постапка пред судот во Франкфурт во која се бара „независна постапка за конфискација“.

„Целта на оваа постапка е да се конфискуваат повеќе од 720 милиони евра депонирани од руска финансиска институција на банкарска сметка во Франкфурт поради, како што се претпоставува, обид за прекршување на ембаргото“, се наведува во соопштението, пренесува Бета-Франс прес.

Германските власти ја започнаа процедурата откако руската берза се обиде да ги преземе средствата, кои беа забранети откако беа воведени санкциите во 2022 година поради руската инвазија на Украина.

Обвинителот додаде дека барањето е доставено до судот во јули годинава.

Досега Германија се ограничуваше на замрзнување на имотот на санкционираните поединци и компании. Но, доколку ова барање на обвинителството биде одобрено, средствата ќе бидат префрлени во германскиот федерален буџет, пренесува Танјуг.

По руската инвазија на Украина, западните сојузници замрзнаа повеќе од 300 милијарди евра од руската централна банка и разни средства на санкционирани поединци или субјекти, во вредност од десетици милијарди евра.

20.12.2023 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега