Централата на Бихаќка ќе пушти само 3 кандидати за Претседател на СДСМ

 

Централата на Бихаќка преку медиумите под опозициско влијание најавува дека на Конгресот на 2 јуни за претседателската функција ќе се боат само тројца кандидати. Опозицискиот табор создава место за дисквалификација на Кире Наумов, кандидатот кој прв ја најави својата кандидатура за лидер на СДСМ. Како што пишува Утрински весник, повикувајќи се на партиски извори, Наумов во последните настапи и нанел штета на партијата, без при тоа да прецизира на што мисли. 
Кире Наумов, денеска во интервју за Press24 не сакаше да ги коментира гласините дека Црвенковски тврдел дека секој освен него може да победи во трката за лидер на опозицијата.
„Тоа ќе треба да го прашате Црвенковски. Јас колку што знам, официјалниот став е дека Црвенковски нема да се меша во изборот“ - рече Наумов.
Ваквата најава на опозициските медиуми значи дека во трката за претседател на СДСМ ќе останат Зоран Јовановски, Зоран Заев и Игор Ивановски. Сите важат за блиски соработници и кадри кои Црвенковски може директно да ги контролира.
До овој момент десетина имиња функционираат на листата за можни кандидати за Претседател на СДСМ. Согласно партискиот Статут, највисокото партиско тело пред Конгресот ќе ја филтрира листата и ќе го состави конечниот список на партиското избирачко ливче 

најчитано сега